Безбедност на вода - Општинска организација Црвен крст Велес

Безбедност на вода - Општинска организација Црвен крст  Велес Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Безбедност на вода - Општинска организација Црвен крст Велес, Macedonia, OH.

Безбедност на вода на Општинската организација на Црвен крст Велес функционира како дел од Единицата за одговор при катастрофи на ОО Црвениот крст Велес и претставува главна стрктура во рамките на службата за безбедност на вода на Црвениот крст на Република Македонија задолжена за обука на спасители на водени површини од затворен тип.

Структурата е составена од волонтери со голем ентузијазам и ж

елба за безрезервен развој на полето на безбедноста на вода. Професионалниот пристап и стручната подготвеност на членовите е резултат на долгогодишното искуство и напорна работа од областа. Искуството на членовите се темели на големиот број на професионални и волонтерски ангажмани за обезбедување на јавни манифестации и спортски настани кои се реализираат на водените површини на територијата на град Велес. Центарот за безбедност на вода на ОО Црвен крст Велес ги реализира своите програмски активности во текот на целата година со активно учество во проекти кои се во рамките на план програмата за актуелизирање на пливањето како спорт и запознавање на младите со основните техники на спасување и реагирање во услови на несреќен случај на водените површини.

Континуираната соработка со владините и невладините институции во рамките на нашата држава, како и со меѓународните асоцијации и федерации за безбедност на вода придонесува во професиналната изградба на спасителните профили и усовршувањето на техниките за спасување и дејствување во случај на инциденти во рамките на водените површини. Членовите на безбедноста на вода на ОО Црвен крст Велес како спасители на вода се професионално и стручно обучени за спасување и дејствување на водените површини и спасување и дејствување со моќни спасителни чамци со стручни познавања од областа на првата неодложна медицинска помош. Значително зацврстените човечки и материјални капацитети се основниот фактор за учеството на спасителите на вода во обезбедувањето на водените површини од затворен тип (базени, аква паркови и вештачки акумулациони езера), водените површини од отворен тип (природни езера) и брзите/дивите води (реки). Покрај ангажманите поврзани со обезбедувањето на водените површини, членовите на безбедност ана вода на Црвениот крст на град Велес активно учествуваат и на натпреварувањата кои се со меѓународен карактер при што се негува остварената соработка со меѓународните структури, како и размената на искуствата поврзани со најновите техники на спасување и дејствување.

Тимскиот дух, брзата и прецизна интервенција и професионалниот пристап се синоним за членовите на безбедноста на вода на ОО Црвен крст Велес и како такви се препознаени од страна на пошироката јавност. Нашата цел е превенција и спасување на секој несреќно загрозен живот во рамките на водените површини во нашата држава и интензивно поттикнување на јавната свест за опасностите и мерките на претпазливост кои се карактеристични за сите водени површини одредени за рекреирање и капење.

Address

Macedonia, OH

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Безбедност на вода - Општинска организација Црвен крст Велес posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share