04/01/2022
Среќна нова Година
Не е важно дали сфаќаш
колку ли ме повреди.
Кога од Срце ме сакаш,
јас сум среќен, погледни.
И грешев за многу нешта,
било па поминало.
Ти си таа која е вешта,
сите Грешки се Минато.
Среќна нова Година,
слатки Бакнежи и Соништа.
Се лошо нека помине
само ти ќе останеш.
Среќна нова Година,
се посилна е Љубовта.
Кога ти си крај мене
се би сторил за тебе.
Кога Облакот ќе се скрие
и две Ѕвезди ќе засветат,
твоето Око Солза лие
Песна штом ти запеам.
Месечината силно свети,
оваа Ноќ е волшебна.
Се сеќаваш ли што ми вети?
Љубовта е посебна.
Среќна нова Година,
слатки Бакнежи и Соништа.
Се лошо нека помине
само ти ќе останеш.
Среќна нова Година,
се посилна е Љубовта.
Кога ти си крај мене
се би сторил за тебе.